Се опијанил во угостителски објект и малтретирал двајца полицајци

Се опијанил во угостителски објект и малтретирал двајца полицајци

Четириесетгодишен гостиварчанец се опијанил и малтретирал двајца полицајци кои сакале да го легитимираат, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера во 21.00 часот во угостителски објект на ул. „Јужен Булевар“ во Скопје, лицето Д.Б. (40) од Гостивар го нарушило јавниот ред и мир со оддавање пијанство на јавно место и со омаловажување на полициски службеници. Д.Б., кој бил во алкохолизирана состојба, почнал да се однесува агресивно кон двајца полициски службеници кои му пристапиле и побарале да се легитимира.

Тој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави