Откако го напушти Манчестер Сити, Јаја Туре и неговиот агент јавно во неколку наврати жестоко го нападнаа Пеп Гвардиола.
Сега веќе поранешниот играч за врска на Сити, отиде дури и дотаму, што порача дека можеби Пеп Гвардиола го третирал поинаку и се обидувал да му ја уништи кариерата поради бојата на неговата кожа.
Англиските медиуми се обидоа да добијат коментар од Пеп Гвардиола, а тренерот на Сити накратко се огласи и испрати „џентлменски одговор“.
„Нема да ги коментирам обвинувањата на Јаја Туре. Немам што да кажам за него“, изјави Пеп Гвардиола.