МВР со детали за 24 годишното момче кое почина во Кисела Вода
Министерството за внатрешни работи даде детали за момчето кое почина во Кисела Вода додека играше фудбал.
„Вчера околу 19:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, на игралиштето во населбата „11-ти Октомври“, додека Д.К.(24) од Скопје играл фудбал, му се слошило, по што паднал на игралиштето и починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб“, велат од МВР.