Љупчо Балкоски од ВМРО-НП нов директор на Проекната единица во министерството за здравство
Љупчо Балковски, генерален секретар на ВМРО-НП која е под раководната палка на екс премиерот Љубчо Георгиевски пред една недела е поставен за нов раководител на Проектната единица на Банката на Советот на Европа, потврди за „Фокус“, министерот за здравство Венко Филипче. Балковски по професија е архитект.
Тој доаѓа на местото на досегашниот раководител Јован Грповски, кој беше еден од најблиските соработници на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Грповски на ова место беше повеќе од три години и земаше плата од 2.500 евра, но како што тврди Филипче, платите сега се намалени.
– Раководителот сега зема 90.000 денари, а другите земаат помалку. Одлучивме платите да се намалат затоа што се работеше за огромни суми на пари. Инаку, Грповски е сменет, но се уште работи таму – вели министерот за здравство.
Преку оваа банка во здравството се земаат сите кредити за изградба и реконструкција на болници. Седиштето на Проектната единица е лоцирано во близина на поранешната кафана Галија. Според нашите информации, за кирија се плаќа околу 3.000 евра.