Ќе се отпишуваат камати на долгови
Опозицијата и власта во Собранието ќе поднесат заеднички предлог закон за отпишување на камати за наплата на долгови по основ на услуги од комунални дејности, како што се вода, струја, смет, мобилни и кабелски оператори, трошоци за редовно одржување на заеднички делови на зграда како и наводнување и одводнување на земјоделско земјиште.
Законот е на иницијатива на опозицијата, а е подржан од парламентарното мнозинство. Целта е да се решат проблемите на илјадници граѓани кои се соочуваат со ваков тип на долгови и наплата на десеткратно повисоки суми од страна на извршителите.
Владејачките партии најавија дека ќе ги подржат сите закони кои се од интерес за граѓаните. Се очекува Законот да се донесе за еден месец.