СДСМ: Мицкоски се крие откако ги излажа граѓаните за парите што ги земал како советник

СДСМ: Мицкоски се крие откако ги излажа граѓаните за парите што ги земал како советник

Христијан Мицкоски, трет ден се крие од јавноста откако се потврди дека ги лажел граѓаните за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски, велат денеска од владејачката СДСМ.

Оттаму додаваат дека иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ признал оти земал пари додека му бил советник на Груевски, што ги чинело граѓаните 2 милиони денари, сепак тој не се извинил за, како што велат, претходно изнесените лаги.

„Без никаков срам Мицкоски лажеше пред граѓаните, пред оние од чии пари земал месечни хонорари, а сега се крие и одбива да им се извини. Ова однесување на Христијан Мицкоски потврдува тој не ги почитува граѓаните и нема доблест да им се извини, односно дека ги потценува граѓаните кои за него очигледно не се важни“, стои во партиското соопштение.

Од СДСМ истакнуваат дека актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ го следи патот на неговиот претходник и очигледно ги дели и истите вредности со Никола Груевски.

„Тоа е една иста матрица на ВМРО-ДПМНЕ која 11 години владееше со лаги, местенки, монтирани случаи и поделби што на граѓаните на Македонија им одзеде деценија од нивните животи. Тоа е матрицата која што граѓаните ги понижуваше, ги обесправуваше, осиромашуваше и задолжуваше, додека поединци од власт се богатеа. Граѓаните ќе го ценат Мицкоски по ова негово однесување“, велат од владејачката партија.

Треба да знаете
Последни објави