Релито со ексклузивни спортски автомобили на скопски Плоштад
„Премиум-рели Софија – Свети Влас“ е настан што на уникатен начин спојува запознавање интересни дестинации, неверојатни журки и моќни и атрактивни автомобили. Првпат релито за ексклузивни автомобили ќе ја посети Македонија по иницијатива и покана од „Парк хотел и спа Скопје“.
Во центарот на Скопје на плоштадот Македонија од 13 часот љубителите на спортските автомобили ќе може да уживаат во повеќе од 40 лимитирани серии возила, меѓу кои: Lamborghini Aventador Spyder – со над 700 коњски сили, во исклучително убаво пакување, AUDI R8 PLUS – 10-цилиндарски мотор, суштински врв на германското инженерство, Ferrari 488 – носител на наградата „Супервозило на годината“ од Top Gear, Aston Martin DB11 – возилото на Џејмс Бонд, AMG GT R – специјално создадено чудовиште за патека од Mercedes-Benz, Mercedes-Benz C63 S Coupe – оптимизиран од Manhart со над 700 коњски сили, Nissan GT-R Black Edition, Nissan Skyline, Porsche 991 Turbo S, Polaris Slingshot и многу други 24 инфо издвои неколку фотографии направени на Плоштадот во Скопје.