(Видео) Чешка донација од милион евра за македонската полиција

Чешка донација од милион евра за македонската полиција

Министерството за внатрешни работи ќе добие донација од Чешката Република за зголемување на капацитетите на македонската полиција.

Договорот денеска напладне во Скопје ќе го потпишат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и чешкиот амбасадор Мирослав Томан.

– Финансиската донација е наменета за зголемување на капацитетите на македонската полиција, конкретно набавка на техничка опрема во согласност со нејзините потреби, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

Треба да знаете
Последни објави