Грчката влада: „Имаме добар договор на маса – За жал, некои си играат игри”
Грчката Влада реагираше на соопштението дека не треба да се брза со договорот за името, бидејќи квалитетот на решението е поважен од тоа во кој рок ќе се финализира процесот.
„Имаме добар договор на масата“, за кој, како што рече премиерот на ПЈРМ, мора да се затвори многу наскоро. За жал, некои инсистираат на играње игри “, рече вечерва грчки владин функцонер, објави Независен.мк
Квалитетот на текстот на договорот и потребата од постигнување на трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок, информираа денеска од Министерството за надворешни работи во Македонија.