Сестрата на холандската кралица пронајдена мртва
Најмладата сестра на холандската кралица Максима, Инес Зорегиете е пронајдена мртва во нејзиниот стан во аргентискиот главен град Буенос Аирес.
Како што информира претставник на аргентинското Јавно обвинителство, кој побарал анономност, причините за смртта на 33-годишната Зорегиете засега не се познати.
Пронајдена е обесена во станот, а се верува дека боледувала од депресија.
Зорегиете, по професија психолог, беше вработена во Канцеларијата за социјална политика при Претседателската палата во Буенос Аирес.