Судијката која го осуди Груевски доби 24-часовно полициско обезбедување
Добрила Кацарска, судијката што го осуди поранешниот премиер Никола Груевски на две години затвор, доби 24 часовна полициска заштита поради бројни закани по нејзиниот живот. Специјалци се ангажирани во заштита и на неколкумина други судии кои судат некои од случаите на СЈО, дознава ТВ 24.
Кацарска го води случајот „Тенк“ и со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за која пред три дена побара комисија од гинеколошката клиника да утврди во каква состојба е нејзината бременоста. Судијката Кацарска ја донесе првата пресуда од 9 години затвор за екс помошник министерот за внатрешни Ѓоко Поповски.