Уапсена Бугарка која го убила својот маж, се криела во Србија
Државјанка на Бугарија, 49-годишната И.Г., во својата држава била осудена на осум години затвор за убиство на својот сопруг, по што избегала од државата.
Во март оваа година таа е уапсена во Србија, по потерница на Интерпол, а денеска е испорачана во Бугарија. Пронајдена била со изнајмена куќа во Краљево, каде се криела со 51-годишен човек, исто така жител на Бугарија.
Во 2010 година таа брутално го избодела со нож својот сопруг во нивниот дом, по жестока караница. Прво се расправале по телефон, а тој се вратил пијан, по што се обидел физички да ја нападне. Тоа ја разлутило осуденичката, која од зад грб го нападнала својот сопруг, забивајќи му нож во вратот. Кога сфатила што направила, повикала брза помош, но во меѓувреме тој изгубил многу крв и не можело да биде спасен.
Најпрво таа се обидела судот да го увери во тоа дека тој си дошол дома со нож во вратот, а таа сакала да му помогне, но по неколку дена вештачење и прибирање докази, било повеќе од јасно кој е виновен во овој случај.
Првично била осудена на 10 години затвор, но поради тоа што навреме пријавила и се обидела да му помогне, судот ѝ ја намалил казната на 8 години. До конечната пресуда, таа била на слобода, а кога полицијата требало да ја спроведе во затвор, не можеле да ја пронајдат, па е распишана потерница преку Интерпол. Нишката полиција ѝ влегла во трага оваа година, по што била пронајдена, уапсена, а денеска и спроведена во Бугарија.