Ја нападнал, но успеала да избега – случајни минувачи ја нашле онесвестена
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Ф.Н. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”.
На 06.04.2018 година околу 08:30 часот, во патничко возило сопственост на пријавениот, на ул. „Браќа Миладинови” во Тетово, по вребална расправија, тој физички ја нападнал Џ.Ј. по што со возилото се упатиле кон село Желино. Во близина на селото Џ.Ј. успеала да побегне, по што истата ја изгубила свеста и била пронајдена од случајни минувачи.