Ако во дворот имате крт и вашето кучето се обидува да дојде до пленот, немојте да се изненадите ако вашиот двор се претвори во место полно со дупки.
Сопствениците и љубителите на кучиња често се прашуваат зошто нивните миленици постојано копаат дупки во земјата.
Луѓето кои живеат во куќи знаат дека оваа активност не е ниту малку забавна, бидејќи кучињата често знаат да го ископаат и целиот двор.
Ова се петте најчести причини поради кои кучињата копаат дупки во земјата:
Забава
Шепите на кучињата се „дизајнирани“ за копање, па логично е и да ги користат за тоа. Копањето им е често забава, иако за многу сопственици тоа не е ниту малку забавно.
Ослободување од досада и стрес
Копањето им помага на кучињата од себе да го извадат вишокот на енергија и да се ослободат од досада кога сопственикот не им посветува доволно внимание. Исто така, копањето може да биде знак за стрес предизвикан од недостаток на физичка активност.
Кучешки проект
Копањето може да се смета и како кучешки „направи-сам“ проект. Тоа си гради своја куќичка, место во кое повремено ќе може да се повлече ако му е ладно, топло или ако сака да се сокрие од нешто.
Плен
Ако во дворот имате крт или некое друго животно кое се крие под земја, тогаш вашето куче ќе сака да го улови пленот.
Бегство од дворот
На кучињата дворот понекогаш и станува премал и премногу досаден, па сакаат да го истражат светот надвор од него. Некои кучиња копаат дупки покрај оградата за да излезат, да пронајдат нешто за јадење или да пронајдат ново друштво, а потоа се враќаат во својот дом.