Тошта излегува од притворот од Шутка во куќен притвор
Александар Јаневски Тошта излегува од Шутка дознава Tелма. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му ја укинал мерката притвор и му определиле куќен притвор. Според извори на Телма, Обвинителството побарало да му се замeни мерката со куќен притвор за што е приложена и медицинска документација за влошената здравствена состојба и можно е уште денеска Јаневски да го напушти затворот.
Ова следува откако пред два дена на судењето за нападот на Села, на Тошта му се слоши и падна на подот во судницата и со брза помош беше однесен во Градката болница „8 Септември“. Од таму по неколкучасовните прегледи повторно со амбулантно возило беше вратен во Шутка а неговата одбрана реагираше дека нема услови во затворот за неговиот клиент кој е со влошено здравје.
На судењето обвинителот направи измени на обвинението но за Тошта остана истото кривично дело убиство во обид на Села, по што се изнервира и рече дека го гонат за убиство затоа што е основач на ВМРО. Врз основа на последната снимка обвинителот го ослободи од обвинение Сашо Сенков а за Стојан Павлески и Цејо Георгиевкси определи насилство што е полесно кривично дело.