Бејл е приоритет за Мурињо, а не Роналдо

Раководството на Манчестер Јунајтед планира да се фокусира на привлекување на Герет Бејл, а не на договор за Кристијано Роналдо.

 

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо смета дека позицијата на централен напаѓач добро ја врши Ромелу Лукаку, иако Португалецот може да игра на сите позиции во офанзивниот дел од играта.

На стратегот од „Олд Трафорд“ му е потребно засилување на крилот на нападот.

Според многуте шпекулации кои кружат во Европа, Бејл и Роналдо посакале трансфери веднаш по финалето на Лигата на шампионите во Киев.

Трансферот на Бејл се проценува на околу 100 милиони фунти (114 милиони евра). Клаузулата за ослободување на Роналдо, запишана во договорот со „кралскиот“ клуб, пак е во вредност од милијарда евра.

Треба да знаете
Последни објави