Две лица уапсени на гранични премини
Вчера во 17.45 часот на Граничниот премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Ф.А. (21) од с.Миладиновци,скопско, се наоѓа на листата со мерка “А” –Апси.
Во 20.30 часот лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.
Истиот ден во 18.45 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето М.Е. (35) од Скопје е предмет на потрага поради сомнение дека извршил кривично дело по член 243 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Во 20.20 часот лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за натамошна постапка.