Ако сте на диета, или едноставно сакате да пробате нов вид на салата, тогаш ви препорачуваме да пробате салата од моркови.
Состојки:
0,5 килограми моркови
1 до 2 главици лук
Магдонос по желба (се препорачува свеж магодонос)
Оцет
Масло за јадење
Сол
Подготовка:
Најпрво е потребно морковите да се измијат и исчистат, а потоа потребно е да ги изрендате на ситно. Потоа исчистете го лукот и исецкајте го ситно на коцки, ако е свеж магдоносот, иситнете го и него.
Соединете ги изренданите моркови и белиот лук, а потоа додадете ги зачините по ваша желба и вкус.
Така направената салата можете да ја јадете свежа, или пак да ја чувате во тегла, со што ќе можете да ја користите во наредните седум дена.