Економијата се опоравува од пустошот и штетите што ги предизвика криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, a раст има во сите сектори освен во нискоградбата, велат денеска од владејачката СДСМ, како реакција на вчерашното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како што наведуваат од СДСМ, преземените мерки од Владата ги санираат штетите и ја поставуваат економијата на здрави и реални основи.
„Податоците од Државниот завод за статистика го покажуваат токму тоа. Во првиот квартал од оваа година забележан е раст во сите сектори, освен во нискоградбата. Причината за тоа се должи на запирањето на активностите на промашените, криминални прoекти на власта на ВМРО-ДПМНЕ, како автопатот Кичево-Охрид но и некои други патишта, каде што имаше огромни пропусти“, се вели во партиското соопштение.
Оттаму додаваат дека Владата работи врз основа на одлуката проектите прво да ги доведе во состојба на реалноста, а потоа истите да бидат спроведени и реализирани.
„По моменталниот застој, изградбата на автопатите ќе продолжи реално и правилно и тоа наскоро ќе рефлектира со раст и во делот нискоградбата со што ќе се интензивира и растот на БДП, кој на крајот ќе биде во рамките на предвиденото“, наведуваат од партијата на власт.
Од СДСМ потенцираат дека Христијан Мицкоски кој, како што велат, ги брани и промовира криминалните политики на неговиот претходник, Груевски, уште еднаш покажал дека нема капацитет да разебере дека Владата може да работи домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните.