Тешко повреден работник во кумановската фабрика „Квалитет Пром“
Вчера во 18.15 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово пријавиле дека на Одделението за хирургија за укажување лекарска помош бил донесен повреден Н.С.(20) од Куманово.
Тој се здобил со повреда на работното место во фабриката „Квалитет Пром“ лоцирана на автопатот Скопје- Куманово.
Од страна на дежурниот лекар била констатирана тешка телесна повреда на раката.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.