Човекот со најголемите стапала на светот доби нови чевли

Човекот со најголемите стапала на светот доби нови чевли22-годишниот Џејсон Родригез од Венецуела има нога со број 68. Последните пет години чевлите му ги изработуваше чевлар од германскиот град Вреден, недалеку од холандската граница.

Неговото лево стапало е долго 40,55 сантиметри, а десното 40,57 сантиметри.

Според Гинисовата книга на рекорди, тој е сопственик на најдолгите стапала на светот.

Родригез, кој е висок 220 сантиметри, оваа недела за прв пат лично го посети својот чевлар Џорџ Вселес.

Интересно е дека за 22-годишниот Родригез ова беше и прво излегување од родната држава воопшто.

Тој изјави дека е среќен што има шанса да ја посети Европа и се врати дома со своите најнови чевли.

Во прилог погледнете како изгледаат новите чевли на човекот со најдолги стапала на светот:

 

https://www.youtube.com/watch?v=TBWdb6ySlNY

 

Треба да знаете
Последни објави