Владата со реакција на српски „Курир“: Остануваме посветени на изнаоѓање решение
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски за информациите на српски „Курир“ дека пропаднале преговорите меѓу Македонија и Грција за името со реакција.
„Шпекулациите во овие сензитивни моменти не можат да придонесат кон оваа стратешка цел од национален интерес. Најважно е да се постигне квалитетно и взаемно прифатливо решение кое ќе биде одржливо. Изграденото пријателство меѓу двете држави е голем влог за заедничката иднина, а соработката во иднина само ќе се зголемува. Владата на РМ останува силно посветена на остварување на стратешките цели, членство во ЕУ и НАТО, а јасно е дека за нивна реализација неопходно е да се надмине проблемот што Грција го има со нашето уставно име“, велат од Владата.