Едноставна работа што треба да ја направите доколку се прејадете
Ако имате чувство дека не можете да дишете бидејќи сте прејадени, овие трикови ќе ви помогнат. Прво што треба да направите е да станете, од столчето или од каде и да сте седнати по оброкот.
Движењето е многу важен дел од варењето на храната.
Ако од седење се префрлите на стоење, храната побрзо ќе се движи низ организмот и ќе ви биде значително полесно отколку да седите, тврдат експертите.
Со движењето му сигнализирате на телото дека му е потребна енергија и тогаш почнува да се движи храната низ огранизмот, а со самото тоа повеќе нема да имате чувство дека ќе експлодирате. Се што ви е потребно е само малку да се раздвижите или прошетате.
Исто така треба да пиете што повеќе вода. Водата е најдобра, но може да ви помогнат и други течности.