Драма во маркет во Карпош 2: Разбојник нападнал една продавачката со електрошок
Секторот за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје ќе поднесе кривична пријава против Д.Ј.(34) од Велес, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „Разбојништво во обид“ предвидено и казниво по член 237 од Кривичниот законик.
Имено, горепријавениот, кривичното дело го извршил на 27 мај околу 20:30 часот во маркет лоциран на улица „Шекспирова“ каде облечен со дуксер со качулка и безбол капа на главата влегол во канцеларијата на раководителот и прво со закана со нож од истата побарал да му ги даде парите од сефот, а потоа ја нападнал со палка за електро шок, при што и нанел повеќе телесни повреди по телото.
Веднаш по нападот, додека Д.Ј. се уште бил на местото на настанот, во канцеларијата влегле две вработени во маркетот, кои физички му се спротиставиле при што успеале делумно да го совладаат, но истиот успеал да избега.
По преземени мерки лицето е лишено од слобода на 7-ми овој месец.