Трагедија: Младо момче пронајдено мртво во Скопје
Мртвото тело на В.Ц. (29) од село Кошари, Крива Паланка, е пронајдено во објект во изградба на улицата „Љубљанска“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 14:30 часот во Полициската станица Карпош од страна на Итната медицинска помош.
В.Ц. бил вработен во фирмата која изведувала градежни работи на објектот, а починал од струен удар додека ја командувал дигалката.
Телото на В.Ц. е предадено на обдукција.