Полицаец заврши во болница, го нападнале додека им пишувал казна
Вчера околу 10:10 часот на улица „Филип 2-ри Македонски“ во Битола, додека неколку полициските службеници вршеле службено дејствие од областа на безбедноста во сообраќајот и преземале службено дејствие отстранување на товарно моторно возило кое било непрописно паркирано, З.А.(27) и С.А.(24), двајцата од село Баница, струмичко, застанале пред возилото и го спречувале отстранувањето на возилото.
Двете лица започнале да ги омаловажуваат полициските службеници, при што С.А физички нападнала еден службеник на кој му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола.
Лицата се приведени во ПС Битола за понатамошна постапка.