СОСТОЈКИ:
1 кг. мелено месо
400 гр. макарони
1 кромид
2 домати
малку магдонос
1 лажиче црвен пипер
бибер
сол
2 лажици масло
нане
2 јајца
1 шолја павлака
ПОДГОТОВКА:
Во 1 литар вода се става една лажица масло и сол, па се варат макароните на вообичаен начин.
Се сече ситно кромидот, се пржи на масло, заедно со меленото месо, сол, бибер и црвен пипер, ситно сечен домат, нане и магдонос.
Се става смесата со месото кога ќе биде готова, над исцедените макарони ставени во тава.
Се става вода речиси до пола на тавата и се пече на 200 степени додека водата не испари.
На крај се ставаат изматени јајца со кисело млеко, па се пече уште 10 минути да се стврдне преливот.