Протест на 35 полициски кадети – МВР не ја поминаа безбедносната проверка

Протест на 35 полициски кадети од класата 2017/2018 – МВР не ја поминаа безбедносната проверка

Триесет и пет кадети денеска протестираа во МВР бидејќи тврдат дека се манипулирани бидејќи сè уште не биле повикани да потпишат договор за работа. Станува збор за кадетите што годинава успешно ја завршиле полициската обука, но не им биле понудени договори за работа.

Кадетите што денеска протестираа пред МВР не ја поминаа безбедносната проверка и затоа не им е даден договор за работа, велат од Министерството за внатрешни работи

Кадетите што денеска протестираа пред МВР не ја поминаа безбедносната проверка и затоа не им е даден договор за работа, велат од Министерството за внатрешни работи за „Макфакс“.

„При детаљната безбедносна проверка беше утврдено дека 35 кадети што протестираа пред МВР поради тоа што не добиле договори за работа се сторители на крвиични дела и тоа е причината што не се примени на работа. Ова е финална одлука од Министерството, не е нормално да примаме луѓе со кривични дела бидејќи се безбедносно ризични“, објаснуваат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави