Признавачот на вината за насилството во Собрание – И да гори, веќе нема нигде да влезам
Во среда ќе падне првата пресуда во случајот кој се однесува на обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април лани. Пресудата ќе биде за двајцата обвинети Цео Ѓорѓиевски и Стојан Павлески за кои се раздвои постапката откако обвинителство на минатото рочиште го прекфаливикува делото од обид за убиство во насилство.
Oбвинетиот Стојан Павлевски кој призна вина за насилствата од крвавиот четврток вели дека се кае за делото и дека нема да го повтори. Тој во изјава за медиумите рече дека никој не му наложил да влезе во Собранието на 27 април. Очекува условна казна.
„И да гори нема да влезам. Тогаш ме испровоцира пеењето на албанската химна. Нема да го повторам делото, очекувам условна казна, рече Павлески.
Адвокатите побараа судот да ги земе предвид олеснителните околности, односно здравствената состојба и неосудуваноста на обвинетите во изрекувањето на казната.
Обвинителот, пак, во завршните зборови порача дека очекува соодветна казна за делото кое го сториле и потсети дека биле свесни што прават кога влегле во Собранието и кога фрлале предмети врз пратеницоте.
За делото е предвидена казна од 6 месеци до 5 години. В среда се очекува да им биде изречена пресуда.