Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави нов систем за рангирање на репрезентациите, објави прес-службата на организацијата. Ажурираниот рејтинг ќе се користи од следниот месец.
Новата верзија ќе ја земе в предвид важноста на натпреварот – од пријателски (5 поени) до плејоф-натпреварите на светското првенство (60 поени). Покрај тоа, континенталните коефициенти ќе исчезнат.
Во верзијата што сега се користи, за натпревари со селекции од Европа и Јужна Америка, се добиваат повеќе бодови отколку со тимови од Африка, Северна и Централна Америка, Азија и Океанија.
За репрезентации кои се домаќини на големи натпревари, ќе има посебна пресметка.
Првата листа по новиот систем ќе биде објавена на крајот на Светското првенство кое почнува вo четврток.