Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа призна дека еден ден би можел да биде избркан од соблекувалната на „Црвените Ѓаволи“.
„Секогаш пуштам музика. Вистина е дека еден ден би можеле да ме избркаат од соблекувалната. Добивам многу критики на сметка на музиката која што ја слушам, но секогаш се трудам да пуштам добра музика“, изјави Давид Де Хеа и додаде:
„Останатите играчи се обидуваат да слушаат друг вид на музика, но јас секогаш морам да пуштам и нешто мое. Кога го пуштам тоа, во соблекувалната сите ги превртуваат очите. Повеќето од останатите играчи слушаат хип-хоп“, изјави Давид Де Хеа.