Пратениците на денешната 47. собраниска седница ќе го разгледаат Извештајот на Европската Комисија за Република Македонија за 2018 година.
На дневен ред на седницата се Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на ОН „УНИФИЛ“ во Либан, како и измените на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, измените и дополнувањата на Законот за акцизите, измените на Законот за трговија, како и измените и дополнувањата на Законот за работните односи.
Пратениците ќе дебатираат и за предлог измените на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, по измените на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, како и по предлог измените на Законот за државен пазарен инспекторат.
На седницата ќе биде разгледан и предлог – кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието, поднесен од Талат Џафери, Фросина Ташевска Ременски, Горан Мисовски, Драган Данев, Томислав Тунтев, Ејуп Алими, Африм Гаши, Сурија Рашиди и Мерал Узеири Ферати.