По бранот поскапувања движењето на цената на суровата нафта на берзата во Лондон дава надеж дека конечно ќе имаме двонеделен период по кој Регулаторната комисија за енергетика ќе може да постави пониски максимални малопродажни цени.
Во моментов барел нафта се движи околу 75.5 долари и тоа е цената на која е фиксиран овој енергенс во последните неколку дена. Највисоката вредност во изминатиот пресметковен период беше 77 долари кон крајот на минатата недела. Сепак и тоа е под просекот од претходните две недели кој изнесуваше 78,6 долари за барел.
За очекување е во вакви услови Регулаторот денеска да пресмета пониска максимална малопродажна цена.
За очекување е поевтинувањето да се движи меѓу еден и два денари по литар во зависност од дериватот.