Нови сведоци и „бомби” ќе го расветлат масакрот кај Смилковското езеро
Нови сведоци и прислушуваните разговори на специјалното јавно обвинителство за случајот „Монструм“ се очекува да го расветлат петкратното убиство кај Смилсковското Езеро, пишува Независен.
Прво најверојатно, јавно ќе се слушаат разговорите што ги има обвинителството за овој случај.
Утре треба да почне доказната постапка со сведочење на Ромите кои биле на местото на убиството. Според одредбите на Законот за кривична постапка, во овој дел од постапката не може да има измени на обвинението ниту, пак, да има нови сведоци. Мора најпрвин да се испитаат сведоците кои биле предложени од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Потоа специјалното јавно обвинителство ќе ги изнесе своите докази меѓу кои се и прислушуваните разговори.
Адвокатот очекува и СЈО да предложи нови докази и нови сведоци по нивната обвинителска истрага која траеше две години.