Владина делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Македонија, на 13-ти и 14-ти јуни, ќе престојува во дводневна, работна посета на Франкфурт, Германија.
Делегацијата покрај Премиерот Заев, ќе ја сочинуваат и неговата сопруга, Зорица Заева, потоа Кочо Анѓушев, Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија, Венко Филипче, министер за здравство, Драган Тевдовски, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија и Александар Младеновски, директор на ДТИРЗ.
Во рамки на првиот ден од посетата се предвидени средби помеѓу претставници од делегацијата на Владата на Република Македонија и професори и еминентни доктори од Универзитетската клиника, Јохан Волфганг Гете. Целта е зацврстување и разгледување на можности за продлабочување на соработката со оваа реномирана здравствена установа.
На 14-ти јуни, Премиерот Заев и министрите во Владата на Република Македонија ќе остварат средби со претставници од Deutsche Bank, како и со раководствата на неколкууспешни германски компании.