Италијанската полиција Гуардија Ди Финанса во крајбрежните води на Јадранското море откри моторен чамец во кој имало 2,5 тони дрога.
Претпоставките се дека марихуаната била натоварена во албанскиот град Валона, а крајната дестинација до која требала да стигне е Италија.
Албанските медиуми кои се повикуваат на извори на италијанската полиција, јавуваат дека по откривањето на чамецот, дрогата била фрлена во море, додека чамецот со голема брзина испловил во водите на Црна Гора. Во истрагата се вклучени полициите на Италија, Албанија и Грција.
Во Црна Гора сè уште не се откриени лицата кои и избегаа на италијанската полиција. Албанските медиуми кои се повикуваат на извори на полициите на трите држави нагласуваат дека дрогата била наменета за евроскиот нарко пазар.