Засилено обезбедување на Курц по затварањето на џамиите добивал смртни закани
Зголемено е обезбедувањето за австрискиот канцелар Себастијан Курц откако доби смртни закани поради одлуката за затворање на седум џамии и протерување на имамите.
На австрискиот канцелар, преку социјалните мрежи, отворено му се заканувале со убиство, како преку постови, така и преку приватни фејсбук пораки.
„Подготви се, ќе умреш“ или „Сакаш ли војна?“, се некои од заканите, но имало и антисемитски пораки, бидејќи Курц се наоѓа во посета на Израел, како “Ти си ционист. Ти си играчка убиец. Не си христијанин, ти си јаден Евреин. Ти си слуга на масоните. Те мразиме. Ќе бидеш искористен и потоа ќе се најдеш во кутија“.
Сојузната служба за заштита на уставноста и борба против тероризмот започна истрага против испаќачите на овие заканувачки пораки. Обезбедувањето на канцеларот е зголемени и отсега постојано станот на Курц го обезбедува елитната единица „Кобра“.
Во Виена се претпоставува дека зад заканите стојат турските кругови, имајќи во предвид дека на Курц во неодамнешниот говор му се закани и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој бараше од Германија да го “вразуми“ Курц.
„Може да дојде до војна меѓу муслиманите и христијаните. Ти ќе ја носиш одговорноста за тоа“ – му порачал Ердоган на Курц.