Изгаснат пожарот во Дебар Маало, опожарени 3 стана и повреден еден пожарникар

Изгаснат пожарот во Дебар Маало, опожарени 3 стана и повреден еден пожарникар

Три стана, од кои еден дуплекс, биле опожарени денеска во огнот кој зафати зграда во скопската населба Дебар Маало, изјави Ѕвонко Томевски, командант на противпожарната бригада.

Опожарени се три стана на 4 и 5 спрат, рече Томевски и додаде дека во пожарот нема жртви, но при интервенцијата еден од пожарникарите се здобил со повреда откако се лизнал по скали.

По кажувањето на станарите се слушнало експлозија од болјер, а во моментот кога избувнал пожарот.

Треба да знаете
Последни објави