Четири видови на храна која прави да се чувствуваме гладни

Храната треба да го ублажи гладот, но некои видови храна дејствуваат сосема спротивно: Не прават уште погладни.

 

Ако сте на диета или едноставно не сакате да се прејадете и после обилен оброк да чувствувате потреба за колач или сладолед, дознајте која храна би требало да ја избегнувате.

Помфрит

На вкусните пржени компирчиња кои имаат речиси култен статус меѓу храната, ретко кој може да им одолее. Тие се вкусен додаток во многу јадења, а некои обожаваат да јадат само помфрит, најчесто со кечап или мајонез. Но, овие јаглехидрати тешко можат да ве заситат.

Тестенина

Поради обработката со која се отстрануваат некои нејзини хранливи состојки, тестенината е повеќе вкусна, но и помалку здрава храна. Таа влегува во едноставните јаглехидрати кои предизвикуваат зголемување на нивото на глукоза во крвта, поради што ќе чувствувате уште повеќе глад.

Овошен јогурт

Јогуртот е одличен извор на калциум кој ја одржува цврстината на коските, но ако го јадете оној од јагода, праска или некое друго овошје, тогаш во организмот ќе внесете повеќе шеќери отколку овој вреден минерал. Затоа подобро е да си купите обичен јогурт и сами да си додадете овошје или ореви и ќе добиете оброк полн со протеински влакна и здрави маснотии.

Треба да знаете
Последни објави