Баба монструм – Внуците ги возела во кафези за кучиња во багажникот
Лејмом Чикс (62) е уапсена во саботата под обвинение дека ги загрозила децата, откако се појави снимка од неа како ги пушта своите двајца внуци од кавез за кучиња кој се наоѓа во багажникот од автомобилот.
Снимката ја направија загрижени граѓани на Мемфис во американската држава Тенеси. Децата имаат 7 и 8 години, а Чикс тврди дека биле во кафезите зошто „немало доволно место во автомобилот“.
По апсењето на нивната баба, полицијата разговарала со децата. Како што рекле, им било многу жешко во текот на возењето, но повториле дека бабата им рекла дека на седиштата немало место.
Како што рекле, во автомобилот немало клима уред, а температурата во градот била над 32 степени Целзиусови.
Сепак, нејзините соседи биле зачудени кога дознале за инцидентот.
Како што рекле, Чикс била „фина дама“ и не можат да веруваат дека тоа го направила. Другите бабата која се грижи за двајцата внуци ја окарактеризираа како жена со силна волја.
Дополнителна истрага е во тек.