Каменос: Ако прифатиме Mакедонија во името, ова ќе биде историски пораз за Грција
Димитрис Каменос, пратеник на Независни Грци, помалиот партнер во владата на Ципрас, го повтори ставот дека неговата партија нема да прифати решение за името во кое ќе биде содржан терминот Макеоднија.
“Ако на Скопје му го дадеме терминот Македонија и македонски јазик тоа ќе биде историски и монументален пораз за Грција, истакна едниот од потпрестедателите на грчкиот парламент Димитрис Каменос, по телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери.
Од партијата најавуваат и прес конференција на лидерот на партијата, министерот за одбрана Панос Каменос, во врска со актуелниот момент за името.
Во мегу време, грчките медиуми пренесуваат дека Република Северна Македонија е името за кое се договориле двајцата премиер. Според нив, договорот меѓу двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе го потпишат во текот на викендот, веројатно во сабота во Преспа, на грчка територија.