Направете вкусни и брзи и лесни пирошки од вашата кујна, како од пекара.
СОСТОЈКИ:
500 гр. брашно
25 гр. квасец
2 дл. млако млеко
1 лажиче шеќер
2 компири
50 гр. маргарин
сол
2 јајца
150 гр. шунка
200 гр. сирење
ПОДГОТОВКА:
Компирот се мие и лупи, па се обарува во солена вода. Се цеди и пасира со малку сол.
Се соединува млеко со шеќер и малку брашно како и квасецот во сад, па се меша и се остава да надојде.
Се става половина од брашното со јајца, па компирот и маргаринот, а потоа се додава и квасецот кој надошол.
Се додава и преостанатото брашно и се меси со раце.
За фил исечете ја ситно шунката и изронете го сирењето.
Тестото расукајте го, ставете од филот и сечете правоаголници, па залепете ги краевите.
Пржете ги пирошките во масло.