Фудбалерот на Интер, Жоао Марио има навистина чуден совет за португалските фудбалери – да не одат во италијанска Серија А.
Жоао Марио пристигна во Интер во 2016-та година од Спортинг Лисабон, но Интер се откажа од неговите услуги и во јануари го испрати на позајмица во англискиот премиерлигаш Вест Хем.
Денес, шест месеци подоцна, откако стана јасно дека Интер нема да го задржи во своите редови, на прес-конференцијата на репрезентацијата на Португалија, Жоао Марио им порача на португалските фудбалери да не одат во Серија А.
„Не ја бирајте Серија А“, накратко порача Жоао Марио, откако новинарите констатираа дека многу фудбалери на Спортинг ова лето ќе се преселат на Апенините.