74-годишна штипјанка починала кога вчера во неа удрил автобус.
Како што информираат од МВР, на улицата Лески во Штип, автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од градот, а управуван од 52-годишен возач, удрил во 74-годишна жена.
Од ударот жената добила тешки телесни повреди и во критична состојба била пренесена во Медицинскиот центар Штип, каде што починала.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и полициска екипа.