Италијанско – македонски бизнис форум за можностите во секторите транспорт, енергетика и животна средина ќе се одржи денеска во организација на Агенцијата за промоција и интернационализација на италијанските компании во странство.
Најавено е учество на околу 15 италијански компании од секторите транспорт, енергетика и животна средина, заинтересирани за соработка со партнери од Македонија, како и обраќање на премиерот Зоран Заев.
Ќе бидат презентирани проектите и програмите поддржани од ЕУ и од меѓунардните финансискии нституции, како и инвестициските и развојните проекти во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката и животната средина.
Форумот е организиран во соработка со најголемите национални здруженија во Италија: Национално здружение на градежни компании (ANCE), Национално здружение на проектанти и консултанти во секторот градежништво (OICE) и Национална федерација на компании од полето на електротехниката и електрониката (ANIE).