Лев: Сите ќе сакаат да ја победат Германија

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев изјави дека неговиот тим ќе биде тешко да стане светски шампион втор пат по ред.

 

Според 58-годишниот стручњак, Франција, Шпанија, Бразил и Аргентина имаат посилни состави од пред четири години, а и другите селекции ќе играат многу мотивирано против „панцерите“.

– Кога сте светски шампион, победник на Купот на конфедерациите и број еден на ранг-листата на ФИФА за три или четири години, другите постојано се обидуваат да ве стигнат. Секој тим сака да и ја одземе титулата на актуелниот. За да се освои титулата, се треба да се поклопи. Со оглед дека тимовите се толку слични на квалитетот, и други фактори исто така играат голема улога, смета Лев.

Германците на Светското првенство во групата Ф ќе играат против Мексико (17 јуни), со Шведска (23 јуни) и со Кореја (27 јуни).

Треба да знаете
Последни објави