Селекторот на фудбалската репрезентација на Нигерија на своите соиграчи веќе им го соопшти куќниот ред за претстојното Светско првенство во Русија – нема секс пред, а ниту на денот на натпреварот. Она што никако не е дозволено е секс со Русинки.
Исклучок кога се во прашање Русинките е само капитенот на репрезентацијата.
И покрај праксата која тоа често го демантираше, постои мислење дека сексуалните активности влијаат на физичката подготвеност и концентрацијата на фудбалерите за време на големи натпреварувања, па така ова правило ќе биде дел од куќниот ред на повеќе репрезентации и на претстојното првенство во Русија.
Репрезентативците на Нигерија веќе добија прецизни упатства.
„Жените можат да ги посетат играчите. Секој ќе има своја соба, а во посета можат да дојдат само во деновите кога не се подготвуваме за натпревари и кога немаме натпревари. Но нема да им дозволувам на момците да доведуваат руски девојки. Не, не и не! Само нашиот капитен Микел може да ја доведе својата жена, Русинка“, јасен беше селекторот Гернот Рор.
Капитенот Џон Оби Микел, инаку поранешен фудбалер на Челзи, е во брак со Русинката Олга Дјаченко, со која се запозна во 2013 година во Лондон, каде нејзините родители беа комшии на нигерискиот репрезентативец.