Нема да се урива, туку ќе се преименува „Воинот на коњ“

Нема да се урива, туку ќе се преименува „Воинот на коњ“, во споменик на Александар Македонски, најави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

 

Слична судбина ќе имаат и другите споменици дел од проектот Скопје 2014, како споменикот на Филип Втори и на Олимпија.

– Спомениците кои ја отсликуваат хеленската култура како историско наследство на светот, ке го добијат тој епитет. „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во Александар Македонски и ќе дадеме објаснување дека е дел од хеленскиот антички период и како светскио културно наследство. Нема уривање, тој станува симбол на пријателство меѓу Макеоднија и Грција. Ние не се срамиме да ги нарекуваме спомениците така како што се, рече Бошњаковски.

Треба да знаете
Последни објави