Санкционирани 91 возач за брзо возење

Пет лица се полесно, а две потешко повредени во вкупно девет сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.

 

Сообраќајната полиција санкционирала 91 возач кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај исклучила вкупно девет возачи, од кои двајца што управувале возило под дејство на алкохол и седум возачи кои возеле пред да се стекнат со право на управување моторно возило.

Од сообраќај се исклучени 46 возило, 22 со истечена важност на сообраќајната дозвола, 121 автомобили кои биле непрописно паркирани, а со пајак се подигнати 66 возила.

Дваесет и двајца возачи се казнети за користење на мобилен телефон

Треба да знаете
Последни објави