„Соединетите држави им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името“, се наведува во соопштението на Стејт департментот откако во Скопје и во Атина беше соопштено дека е постигнат договор за спорот со името.
„Оваа решение ќе биде од корист за двете земји и ќе ја зајакне регионалната безбедност и просперитет. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во нивната потрага по заемно прифатливо решение. Ние, исто така, ја поздравуваме посветеноста на посредникот на ОН Метју Нимиц во неговите цврсти напори за ставање крај на над дведеценискиот спор.
„Подготвени сме да го поддржиме овој договор, како што бараа двете земји“, наведува Стејт департментот.